„Буден театар“ - Отворен повик за менторска програма за млади

Вторник, 30 Јануари 2018 15:08 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА МЕНТОРСКА ПРОГРАМА „ТРИАГОЛНИЦИ НА СОРАБОТКА“

„Сакам да придонесам кон позитивна промена во мојата заедница. Сакам да се изразувам креативно. Сакам да работам со деца“. Ако се пронаоѓате во овие изјави Буден Театар нуди одлична можност за вас – Менторска програма во полето на култура наменетаза деца и млади,во рамките на проектот „Триаголници на соработка“, поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Македонија/Швајварската агенција за развој и соработка.

Повеќе за проектот: budenteatar.org/триаголници-на-соработка/

Фотографија на Buden Teatar.

Буден Театар

Буден Театар активно делува на независната културна сцена веќе една деценија. Продуцира театарски претстави за детска и возрасна публика, организира креативни работилници за деца, едукациски програми и спроведува проекти од областа на културата. Почнувајќи од 2012 година Буден Театар го организира Меѓународниот фестивал за детски театар „Фенер“.

Иновативноста, интерактивноста и играта се основни принципипо кои Буден Театар се води кога создава за детска публика. Креирајќи за возрасна публика, се стреми кон поместување на социјалните табуа, проток на автентична мисла и истражување на нови современи изразни средства во театарот.  

 

Менторска програма

Менторската програма, која се одвива во рамките напроектот „Триаголници на соработка“, спроведуван на територијата на градот Кратово и селата Куклица и Злетово, и градот Ресен и селата Претор и Љубојно, вклучува низа на активности насочени кон подобрување на културната понуда за деца во одбраните локации.

Менторската програмае отворена за млади од 18 до 30 години.Истата е со времетраење од фебруари до август 2018. Бројот на учесници е ограничен. Програмата е бесплатна и ќе биде реализирана на македонски јазик, од страна на тимот на Буден Театар.

Обработувајќи специфични теориски и практични аспекти поврзани со организација и реализација на културни програминаменети за деца,учесниците во менторската програма, ќе добијат можност да спроведуваат активности за деца, стекнувајќи искуство кое во и иднина ќе можат да го применат и да придонесат кон долготрајни промени во својата средина.

 Менторските сесии ќе се одвиваат во градовите Кратово и Ресен, додека практичните задачи ќе бидат спроведувани во шесте одбрани локации.

 

Деталниот опис на активностите предвидени во менторската програма и временската рамка можете да ги најдете на:budenteatar.org/wp-content/uploads/2018/01/mentoring-programme-PDF-FINAL.pdf

 

Кој може да земе учество?

 

Што нуди менторската програма?

Како да аплицирате?

 

Доколку имате потреба од какви било дополнителни информации,обратете се на Е-маил адресата Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите "> Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на телефонот 072213035.

 

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите "> Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.budenteatar.org

Facebook/Instagram/Youtube: BudenTeatar

Сподели