„Фиќо“ усмрти жител на Којково

Понеделник, 07 Мај 2018 12:53 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати
Резултат со слика за којково

Жител на Којково загина кога неговото возило се придвижило кон него и го удрило. Педесет и едногодишниот маж Стојан С. од кратовско, според пријавата, бил на гости кај свој пријател од истото село, тргнал да си оди и влегол во своето патничко моторно возило „застава 750“, го стартувал, но веднаш излегол од возилото и се вратил во куќата на пријателот. Во тој момент возилото се придвижило во правецот на сега починатиот., го удрило, при што тој починал на местото на настанот.

alt
Сподели