Ѓорѓи Цветков е новиот в.д. директор на СОУ „Митко Пенџуклиски“ во Кратово

Четврток, 17 Мај 2018 12:00 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altЃорѓи Цветков е новиот в.д. директор на средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово. Тој на оваа позиција дојде на местото на Царка Петковска, која во изминатите шест месеци беше вршител на должноста директор.

Цветков е дипломиран професор по математика и од 1991 година е вработен во кратовското училиште. Зад него има 27 годишно работно искуство и голем број признанија и награди освоени со учениците од „Митко Пенџуклиски“.

Сподели