Хуманитарна акција за шестмесечно бебе од Кратово

Среда, 18 Јули 2018 16:33 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Почитувани сограѓани, ПЗУ Про Боно Медикус Кратово во соработка со Центарот за социјални работи на општина Кратово организира донаторска хуманитарна акција за шестмесечно бебе на семејството Амповски во вид на храна, облека и хигиенски производи. Семејството Амповски од Кратово е петточлено семејство кое е социјално загрозено и живее од социјална помош и додаток за трето дете. Ги замолуваме сите заинтересирани граѓани своите продуктите кои се подготвени да ги донираат да ги достават до просториите на ПЗУ Про Боно Медикус во Здравствениот Дом Кратово.
ПЗУ Про Боно Медикус

Резултат со слика за хуманост

 

Сподели