Изгоре куќа во Шлегово, сопственикот мина само со изгореници

Сабота, 22 Јуни 2019 14:03 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Вчера во 00,40 часот во Полициска станица Кратово било пријавено дека во село Шлегово-кратовско избувнал пожар во куќа сопственост на И.Х.(75) од Кратово, при што опожарена била кровната конструкција и горниот кат од куќата.

Според пријавеното пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Кратово, а И.Х. се здобил со изгореници во пределот на десната потколеница и му била укажана лекарска помош.

Резултат слика за пожар куќа
Сподели