Опасни кучиња испокасаа десеттина кратовци на улица „Јосиф Даскалов“ и Радин Мост

Понеделник, 11 Јуни 2018 17:39 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

kucinja glutnica copor skitniciЧетири-пет кучиња напаѓаат кого стигнат, а десетина граѓани на Кратово минаа најлошо, со каснувања по телото, алармираат жителите кои живеат во на улицата „Јосиф Даскалов“ и во близина на Радин мост.
-Ова станува неподносливо. Се појавија од никаде, порано не сме ги виделе овие неколку кучиња. Преагресивни се, напаѓаат кого стигнат, а има и неколу искасани луѓе. Бараме заштита од институциите, надлежните служби нека преземат мерки пред да биде уште поголема штетата - велат револтираните кратовци.
Инаку, Кратово од поодамна се соочува со проблемот на бездомни кучиња, но тие никогаш не напаѓале луѓе. Дури кратовци им даваа храна и ги ранеа на градскиот плоштад. Но, според граѓаните од Чаир и Скопска маала, агресивните кучиња деновиве се дојдени од страна, затоа што никој не ги има видено порано.

Сподели