Општината Кратово излезе со отчет пред граѓаните

Четврток, 13 Декември 2012 14:17 Оливер Арсовски 1 Коментари
Печати

altПочитувани,
Досега реализираните проекти значително го подобрија животот на луѓето во општина Кратово, а посебно во селските населби, овозможувајќи им нормална комуникација со градските средини преку новоизградените патишта, снабдување со вода за пиење, со што е решен еден од основните егзистенцијални проблеми. Исто така во самиот град со реконструкцијата на улиците, културните објекти и другите зафати изменета е сликата за самиот изглед на градот во позитивна смисла, во насока на промоција на градот како туристичка дестинација и истакнување на  културните и природните вредности. Условите за учење во училиштата се исто така подобрени и е овозможена поквалитетна настава за учениците и за наставничкиот кадар. И понатаму ќе продолжиме со реализација на тековните проекти како и постојано изнаоѓање на разни можности за
финансирање преку странски инвестиции, донатори, предпристапни фондови, кредити итн.
Со почит,
Градоначалник на општина Кратово
Мите Андоновски
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Отчетот за сработеното во периодот 2005-2012 ќе го објавиме во неколку продолженија. Денеска ќе можете да прочитате за направеното во сферата на комуналите, изградба на улици и патишта, водовод и канализација.

I. КОМУНАЛИИ, ИЗГРАДБА НА УЛИЦИ И ПАТИШТА, ВОДОВОД И
КАНАЛИЗАЦИЈА
1. Асфалтирање на пат од Крива Река до с.Крилатица
Буџет: 2.000.000,00 денари
Учество: ЕЛС Кратово, Влада на Р.Македонија
2. Асфалтирање на пат од с.Кетеново до локалитет „Камени Кукли“ во
должина од 3,5 км
Буџет: 11.300.000,00 денари
Учество: Биро за недоволно развиени подрачја, ЕЛС Кратово,
Агенција за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој
3. Реконструиран (повторно асфалтиран) регионален пат од мостот во
Крива река до Пробиштип во должина од 27 км
Учество: Агенција за државни патишта на РМ
4. Изграден (асфалтиран) нов локакен пат од стадионот на ФК „Силекс“
до школото во с.Железница во должина од 2,2 км
Буџет: 13.500.000,00 денари
Учество: Агенција за државни патишта, ЕЛС Кратово
5. Реконструиран локален пат од с.Сакулица до с.Шопско Рударе во
должина од 4,5 км
Буџет: 12.000.000,00 денари
Учество: Агенција за државни патишта на РМ, ЕЛС Кратово
6. Асфалтиран дел од улицата „Гоце Делчев“ во должина од 232 м
Буџет: 2.500.000,00 денари
Учество: ЕЛС Кратово

7. Асфалтирана улицата крак од улица „Гоце Делчев“ (ветеринарна
станица) до новите згради во должина од 150 м
Учество: ЕЛС Кратово
8. Асфалтиран пристапот до новите градски гробишта во должина од
140 м
Буџет: 555.814,00 денари
Учество: ЕЛС Кратово
9. Асфалтирана улицa „Вера Јоциќ“ крак 1 во должина од 80 м и крак 2
во должина од 100 м (кај стадионот на ФК „Силекс“)
Учество: ЕЛС Кратово
10. Асфалтирани улици во населба Бојаџиско улица „Цветко Тонев“
крак1 ,крак 2 и крак3 со вкупна должина од 240 м
Учество: ЕЛС Кратово

11. Асфалтирана улицата „Јосиф Даскалов“ во должина од 260 м,
ул. „Црни врв“ во должина од 60 м, Ул„Бреза“ во должина од 200 м и ул.
„Карши бавча“ во должина од 60 м (од Радин мост до Чаир маало)
Учество: ЕЛС Кратово
12. Реконструирана, повторно асфалтирана улицата „Никола Тесла“ во должина од 250 м (од
Шумско стопанство до Здравствен дом Кратово)
Учество: ЕЛС Кратово
13. Асфалтирана улицата „6ти Септември“ , „Мирче Ацев“ и „Крсте Мисирков“ во должина од
1200 м (од Детска градинка до Зорле маало)
Учество: ЕЛС Кратово
14. Асфалтирана улицата „Михајло Апостолски“ и крак од ул „Иса
Еминов“ во должина од 900 м ( од Детска градинка до Царина маало) -
ул.„Првомајска“ во должина од 250 м
Учество: ЕЛС Кратово

15. Асфалтирана улицата „Планинска“ во должина од 300 м,
асфалтирана улица од Чаир маало према с.Крива Јабука.
Учество: ЕЛС Кратово
16. Асфалтирана улица „Мусала“ со крак 1 со должина од 200 м и крак 2
со должина од 120 м (од Чаир маало према м.в. Крива Јабука)
Учество: ЕЛС Кратово
17. Тампониран пат во с.Вакав во маало Стојкарци во должина од 500 м
Учество: ЕЛС Кратово
18. Изградени пропусти во место Врлеј на локалниот пат с.Шопско
Рудари-с.Коњух
Учество: ЕЛС Кратово
19. Изградба на пропусти во населба Лазинци, с.Крилатица
Учество: ЕЛС Кратово
20. Реконструкција на улици и поплочување со плочи од планината
Лисец во стариот дел на градот
- ул.„Страхил Досев“во должина од 62 м
- ул.„Трајче Арсов“ во должина од 207 м
- ул.„Сараевска“ во должина од 119 м
- ул.„Тошо Куковски“ во должина од 52 м
- крак од ул.„Сараевска“ до ул.„Коце Харалампиев“ во должина од 30 м
- крак од ул.„Иса Еминов“ во должина од 70 м
- ул.„Планинска“ во вкупна должина од 470 м
- ул.„Скопска“ во должина од 285 м
- ул.„Владо Гаџев“ во должина од 85 м
- ул.„Дамјан Груев“ во должина од 90 м
- ул.„Цетинска“ во должина од 160 м
- ул.„Иса Еминов“ (Млачки пат) во должина од 600 м

- ул.„Јове Гичев“ во должина од 170 м
- ул.„Митко Каналиски“ во должина од 62 м
- ул.„Цветко Тонев“ во должина од 337 м
- ул.„Браќа Миладинови“ во должина од 500 м
- ул.„Орце Николов“ во должина од 380м
- ул.„Славко Баев“ во должина од 180 м
Учество: СИП, ЕЛС Кратово
21. Изградба на нови улици со бекатон плочи
- ул.„Гоце Делчев“- тротоари во должина од 160 м
- улици во Царина маало
- крак на ул.„Иса Еминов“ во должина од 20 м
- крак на ул.„11 Октомври“ во должина од 40 м кај самопослуга
- ул.„Царка Андреева“ во должина од 210 м
- ул.„Лисец“ со краци во должина од 675 м
- ул.„Иса Еминов“ (Млачки пат) во должина од 130 м
- Улици во маало Баба Карина река
- ул.„Глигор Пазевански“ во должина од 220 м
- ул.„Цветко Тонев“ во должина од 120 м
Буџет: 1.728.652,00 денари
Учество: СИП, ЕЛС Кратово
22. Изградба на улици со калдрма од кршен камен
- ул.„Првомајска“ во должина од 210 м
- крак од ул.„Иса Еминов“ во должина од 108 м
-ул.„11 ти Октомври“ во должина од 40 м
- ул.„Осоговска“ во должина од 160 м (врска Зорле маало – Осмолетка)
- крак 1 на ул.„6 ти Септември“ во должина од 45 м
- крак 2 на ул.„6 ти Септември“ во должина од 60 м
- крак 3 на ул.„6 ти Септември“ во должина од 80 м
- на ул.„Планинска“ во должина од 235 м до м.в. Дуп
- ул.„Скопска“ во должина од 100 м

- крак1 на ул.„Глигор Пазевански“ во должина од 120 м (Ромска населба)
Учество: СИП, ЕЛС Кратово
23. Асфалтирање велосипедска патека од с.Шлегово до спортски терен
Сланушка во должина од 1 км
Буџет: 4.200.000,00 денари
Учество: Агенција за финансиска подршка на
земјоделието и руралниот развој, ЕЛС Кратово
24. Изградба на јавен тоалет
Буџет: 1.307.898,00 денари
Учество: МТВ
25. Проширување на Градски пазар во општина Кратово
Буџет: 100.000 долари
Учество: Светска банка
26. Извршена промена на водоводна мрежа во градот-замена на стари
азбестни цефки со полиетиленски цевки во должина од 9000 м
Буџет: 500.000 евра
Учество: Програма КАРДС
27. Изградба на нов водовод од с.Сакулица до с.Шопско Рудари во
должина од 11 км
Буџет: 5.000.000,00 денари
Учество: ЕЛС Кратово, Влада на Р.Македонија
28. Реконструкција на водоводна мрежа во с.Железница во должина од
1800 м
Буџет: 2.000.000,00 денари
Учество: Влада на Р. Македонија

29. Изградба на нов резервоар за средна зона 300 м3 во Кратово
Буџет: 6.000.000,00 денари
Учество: Министерство за транспорт и врски
30. Изграден резервоар за ниска зона 300 м3 во Кратово
31. Реконструкција на филтер станица во Кратово
Буџет: 80.000 долари
Учество: УСАИД
32. Реконструкција на улици и поплочување со плочи во стариот дел на
градот и изградба на нови улици со бекатон плочи
Буџет: 350.000 евра
Учество: СИП-3 програма
33. Правени бушотини за снабдување со вода во с.Коњух
Буџет: 1.000.000 денари
Учество: Буџет на општина Кратово
34. Поставено ново улично осветлување во с.Туралево, с.Крилатица и
с.Мушково
Буџет: 1.097.789,00 денари
Учество: Буџет на општина Кратово
35. Изградба на таложник во м.в.Црни Врв
Буџет: 1.908.999,00 денари
Учество: Биро за регионален развој, Буџет на општина Кратово

36. Изградена чешма во с.Железница и дадено црево во месните
заедници Железница, Талашманци, Куклица, Емирица за подобрување
на водоснабдувањето
Учество: Буџет на општина Кратово
37. Изградена канализација во с.Туралево
Буџет: 6.388.839,00 денари
Учество: Фонд за води

38. Изградена канализација во с.Страцин
Буџет: 1.947.461,00 денари
Учество: Фонд за води
39. Изградени краци за канализација во с.Кетеново
40. Изградена атмосферска канализација во Зорле маала во должина од
150 м
Учество: ЕЛС Кратово
41. Изграден колектор и уредено речното корито на Кратовска река во
централното градско подрачје
Буџет: 11.445.000,00 денари
Учество: Министерство за транспорт и врски
42. Уреден долот од Ромската населба до улицата „Гоце Делчев“
Буџет: 5.382.385,00 денари
43. Уреден долот во населба Брци
44. Набавка на противпожарно возило
Учество: Операција Флоријан-Англија, Буџет на општина Кратово
45. Набавка на возило за собирање на смет
Буџет: 18.000,00 евра
Учество: Германска амбасада, Буџет на општина Кратово

Сподели