Почина Спасо Георгиевски, строгиот учител и новинар без влакна на јазикот

Петок, 27 Април 2018 21:10 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altПо долготрајно боледување, на 73-годишна возраст, утринава во Кратово почина новинарот и учител во пензија, Спасо Георгиевски. Во седумдесетите години на минатиот век ја започна својата плодна учителска и новинарска кариера, а беше дописник на повеќе од дваесет весници и радија, меѓу кои „Вечер“, „Македонски спорт“, „Нова Македонија“, „Вечерње новости“, „Спортски журнал“, „Вест“, „Утрински“, „Македонско радио“ и други.
Беше човек со строг глас, но меко срце, описмени неколку генерации деца во Кратово, Нежилово, Шопско Рударе и беше омилен меѓу учениците.
Погребот ќе биде на градските гробишта во Кратово, во 12 часот (сабота).

Сподели