Ветераните во акција: Ѕинго ги собра најстарите социјалисти од Куманово

Сабота, 09 Јуни 2018 15:29 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Социјалистичката партија на Македонија (СПМ), општинска организација Куманово,  денеска ги собра ветераните, за да им се заблагодари за досегашната работа и да им оддаде признание за улогата во развојот и опстојувањето на партијата.

На средбата со сопартијците присуствуваше и претседателот Љубосав Иванов-Ѕинго, кој ја поздрави идејата на кумановското раководство да ги испочитува луѓето кои својот живот и работа го посветиле на најстарата партија во државата, но се осврна и на улогата на партијата во општествено-политичкиот живот, како и актуелната политичка состојба во државата.

- Македонија е на пат да ја изгуби државата, бидејќи остана без младите. А нација која што нема подмладок нема перспектива, нема иднина. Тоа што ни беше најголемо богатство, по тоа што бевме препознатливи во светот, тоа што секој од нас го носи во срцето и душата, името на нашата држава Македонија и тоа ни го одземаат. Македонија ја создадовме ние, нашата генерација, вие што сте пред мене. Дојде време оние кои требаше да ја наследат, да ја градат и да ги исправат грешките од минатото, сега ќе го сменат името и да ја исполнат вековната желба на Грција. Не постои држава во светот која била уценета да го промени своето име, својот јазик и нација, под инстркукции и притисок. Ќе видиме со какви последици ќе соочиме во периодот што доаѓа - изјави Иванов. Средба на ветераните на Социјалистичката партија во Куманово

фото - Куманово њуз
линк до сторијата http://kumanovonews.mk/vesti/sredba-na-veteranite-na-socijalistickata-partija-vo-kumanovo

Сподели