За три месеци во Кратово починале 29 лица, а се родиле 11 деца

Петок, 28 Февруари 2020 16:18 Оливер Арсовски 0 Коментари
Е-пошта Печати PDF

Вкупно 11 деца биле родени на подрачјето на Општина Кратово во текот на четвртото тримесечје од 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во наведениот период починале 29 лица, што значи негативен прираст од 18 лица за период од три месеци. Склучени се 8 бракови, а разведени еден брачен пар.

Негативен природен прираст имаат и во Крива Паланка.

Бројот на починати во Крива Паланка во последните три месеци од 2019 година изнесувал 49, а се родиле 39 деца. Се склучиле 40 нови бракови, а ниту еден пар не се развел.

alt

Сподели

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи