Бадникова прослава во Здравствен дом-Кратово, догодина ќе има три кума

Вторник, 05 Јануари 2016 14:53 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altСледејќи ја долгата бадникарска традиција, денеска се делеше лепче со паричка во Здравствениот дом во Кратово. Среќата ги посака Ѓоко Ристовски - Рикич од Рендгенолошкото одделение,  д-р Гоце Марковски и медицинската сестра Снежана Ангеловска. Годинашнава празнична бадникова трпеза ја подготвија ланските кумови Маја Арсовски и Гоце Марковски.

Порталот „Аберџија“ им посакува здравје, среќа и бериќет на кумовите, а на сите читатели им ги честита Божиќните празници.

Христос се роди, навистина се роди.

alt

altalt

Сподели