Следејќи ја долгата бадникарска традиција, денеска се делеше лепче со паричка во Здравствениот дом во Кратово. Среќата ги посака Ѓоко Ристовски - Рикич од Рендгенолошкото одделение, д-р Гоце Марковски и медицинската сестра Снежана Ангеловска. Годинашнава празнична бадникова трпеза ја подготвија ланските кумови Маја Арсовски и Гоце Марковски.
Порталот „Аберџија“ им посакува здравје, среќа и бериќет на кумовите, а на сите читатели им ги честита Божиќните празници.
Христос се роди, навистина се роди.






















