Во кабинетот на градочалникот на Кратово, денеска се одржа примопредавањето на функцијата градоначалник, каде досегашниот прв човек на градот д-р Љупчо Бојаџиев ја предаде должноста на новиот градоначалник Тодорче Николовски.
Екс-градоначалникот Бојаџиев го информираше Николовски дека Општината ја презема без денар долг, а со 12 милиони денари пари кои веднаш може да бидат искористени за продолжување на некои започнати проекти.