На подрачјето на општина Кратово во текот на изминатото деноноќие од слобода се лишени две лица кои не се придржувале до мерката забрана за движење на граѓани во временскиот период од 21.00 до 05.00 часот и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Двајцата прекршители се соочуваат со драконска казна која изнесува 100 дневни глоби, или околу 2.000 евра.
Моментално во нашата општина 27 лица се наоѓаат во изолација и полицијата секојдневно ги проверува дали се во нивните домови.
извор - МИА