Градот Кратово кој надалеку е познат по рудниците за злато и старите ковачници за златни монети, повторно ќе ги заживее своите „златни денови“. Во периодот од 20-ти до 22-ри јуни Кратово ќе биде епицентар на сите културни случувања во земјава. Во овие три дена од викендот, во Кратово ќе се одржува грандиозна културна манифестација, информираа организаторите на настанот на денешната прес-конференција во хотелот „Кратис“.
Концерти на музичките ѕвезди од „Икс фактор“, Тајфата на Коки, „Љубојна“, белградската група „Оџила“, европскиот тамбурашки фестивал ќе бидат дел од културната манифестација „Златни денови“.
Во градот сите угостителско-сместувачки капацитети се подготвуваат за напливот на гости кој се очекува за десеттина дена. Викендов со работа започнува и базенот, каде ќе се одржуваат ноќни журки со познати диџеи. Оливер Арсовски

