gogo

A+ R A-


ЕКСКЛУЗИВНО Кратово ќе врие!!! Концерти на ѕвездите од Х-фактор, Љубојна, Оџила, Тајфата на Коки

Е-пошта Печати PDF

Градот Кратово кој надалеку е познат по рудниците за злато и старите ковачници за златни монети, повторно ќе ги заживее своите „златни денови“. Во периодот од 20-ти до 22-ри јуни Кратово ќе биде епицентар на сите културни случувања во земјава. Во овие три дена од викендот, во Кратово ќе се одржува грандиозна културна манифестација, информираа организаторите на настанот на денешната прес-конференција во хотелот „Кратис“.
Концерти на музичките ѕвезди од „Икс фактор“, Тајфата на Коки, „Љубојна“, белградската група „Оџила“, европскиот тамбурашки фестивал ќе бидат дел од културната манифестација „Златни денови“.
Во градот сите угостителско-сместувачки капацитети се подготвуваат за напливот на гости кој се очекува за десеттина дена. Викендов со работа започнува и базенот, каде ќе се одржуваат ноќни журки со познати диџеи.  Оливер Арсовски

alt

Коментари

Ubavo ke bide sigurno :D za zal ne mozam da dojdam :( :/

0 Bojana 2014-06-11 09:09 #1

Цитат

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.