Градоначалникот на Кратово и Центарот за социјални работи со помош за семејството Николовски

Петок, 31 Јануари 2014 16:36 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

По вчерашниот пожар во Кратово, во кој изгоре поголем дел од куќата на семејството Николовски, денеска почна да стига и првата финансиска помош. Осумчленото семејство со две мали дечиња денеска беше посетено од градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, кој во име на Општината ќе помогне со градежен материјал и итно покривање на опожарената куќа. Еднократна финансиска помош додели и Центарот за социјални работи во Кратово. Денеска беше отворена и жиро-сметка на која хуманите граѓани ќе можат да уплаќаат средства за помош на семејството Николовски. Помош собираат и учениците од кратовската гимназија „Митко Пенџуклиски“, а акција спроведува и Црвениот крст.

http://www.macedonia.co.uk/uploads/images/kratovo.jpg

Сподели