По вчерашниот пожар во Кратово, во кој изгоре поголем дел од куќата на семејството Николовски, денеска почна да стига и првата финансиска помош. Осумчленото семејство со две мали дечиња денеска беше посетено од градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, кој во име на Општината ќе помогне со градежен материјал и итно покривање на опожарената куќа. Еднократна финансиска помош додели и Центарот за социјални работи во Кратово. Денеска беше отворена и жиро-сметка на која хуманите граѓани ќе можат да уплаќаат средства за помош на семејството Николовски. Помош собираат и учениците од кратовската гимназија „Митко Пенџуклиски“, а акција спроведува и Црвениот крст.




















