Истокот добро се држи, Кратово, Пробиштип и Свети Николе немаат болни со коронавирус

Недела, 05 Април 2020 17:22 Оливер Арсовски 0 Коментари
Е-пошта Печати PDF

Според последните информации денеска има 72 новозаболени пациенти со коронавирусот. Вкупниот број на заразени изнесува 555, информираат од Минстерството за здравство.

И додека, Куманово овој викенд живее под целосен карантин, Кочани сосема идентично како Куманово побара од Владата градот да биде ставен во целосна изолација, сепак постојат градови во земјава, каде што нема регистрирани пациенти со новиот коронавирус.

На број се десеттина, а станува збор за: Кратово, Пробиштип, Неготино, Дојран, Свети Николе, Кичево, Берово, Виница, Делчево, Пехчево.

alt

 

Сподели

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи