Кратовчани денес по трет пат го славеа денот на компирот, производот кој покрај пастрмајката е еден од гастрономските брендови на градот Кратово. „Компиријадата“ привлече голем број посетители од целата земја, дојдени да дегустираат специјалитети, разновидни јадења, солени и слатки деликатеси со компир направени од вештите раце на домаќинките, но и гостите од соседните општини.
На Компиријадата беа изложени штандови со специјалитети од компир, а гостите можеа да уживаат во натпревар во брзо лупење на компир и лупење на најдолга лушпа од компир. Беа прогласени и трите најдобри креации од компир.
За добро расположение на гостите се погрижија Ристо Самарџиев, Лена, кратовските тамбураши и локални забавувачи. Компиријадата имаше и хуманитарен карактер затоа што сите собрани средства од продажба на специјалитетите ќе бидат наменети за дневниот центар за деца со посебни потреби во Кратово. Манифестацијата ја организираше Општината Кратово под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Оливер Арсовски
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10153374673818957.1073741888.155289693956&;type=1
