gogo

A+ R A-


„Компиријада“ во Кратово привлече над 2000 граѓани

Е-пошта Печати PDF

Кратовчани денес по трет пат го славеа денот на компирот, производот кој покрај пастрмајката е еден од гастрономските брендови на градот Кратово. „Компиријадата“ привлече голем број посетители од целата земја, дојдени да дегустираат специјалитети, разновидни јадења, солени и слатки деликатеси со компир направени од вештите раце на домаќинките, но и гостите од соседните општини.
На Компиријадата беа изложени штандови со специјалитети од компир, а гостите можеа да уживаат во натпревар во брзо лупење на компир и лупење на најдолга лушпа од компир. Беа прогласени и трите најдобри креации од компир.
За добро расположение на гостите се погрижија Ристо Самарџиев, Лена, кратовските тамбураши и локални забавувачи. Компиријадата имаше и хуманитарен карактер затоа што сите собрани средства од продажба на специјалитетите ќе бидат наменети за дневниот центар за деца со посебни потреби во Кратово. Манифестацијата ја организираше Општината Кратово под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
  Оливер Арсовски
alt
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10153374673818957.1073741888.155289693956&;type=1


Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.