Конституиран новиот совет на Кратово, Сашо Георгиевски реизбран за претседател (ВИДЕО)

Недела, 21 Април 2013 13:34 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

На конститутивна седница во општинската сала беше конституиран новиот Совет на Општина Кратово. На свечената седница се изврши верификација на мандатот на членовите на новиот состав на Советот на Општина Кратово, по што новите членови на Советот дадоа свечена изјава.

Седницата како што е предвидено во Статутот на Општината ја предводеше највозрасниот член на Советот, Стојан Миланов.

Советот на Општина Кратово има 15 членови, 10 од редовите на Коалицијата „За Подобра Македонија“ и 5 од Коалицијата „Сојуз за иднината“.

За Претседател на Советот на Општина Кратово е реизбран Сашо Георгиевски.

alt

Сподели