Кратовчанката Андреа Николова освои прва награда на фестивал за детски песни

Недела, 19 Септември 2021 08:49 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

На детскиот фестивал „Распеани срца“, кој се одржа викендов во домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, ученичката Андреа Николова од VIа одделение во ООУ „Кочо Рацин“ - Кратово, ја изведе песната со наслов „Лалињата цветаат за нас“ и се закити со заслужено прво место од стручното жири. Андреа ќе го претставува училиштето и градот Кратово и на интернационалниот детски фестивал во Босна „Што се пјесмом сања“, каде ќе се претстави со песната „Симпатија“.

Сподели