Кратово го чествуваше патрониот празник посветен на Св.Ѓорѓи Кратовски

Четврток, 24 Февруари 2022 17:24 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

На достоинствен начин, како што прилега на ликот и делото на заштитникот на градот, кратовчани денес го прославија празникот св.Ѓорѓи Кратовски. Со свечената литургија началствуваше митрополитот кумановско-осоговски г.Григориј.
Прославата продолжи на градскиот плоштад „Павел Шатев“, каде владиката Григориј кршеше славски колач и освети вода за верниците. Животот на маченикот Св. Ѓорѓи траеше кратко, но споменот за него трае 507 година, а ќе продолжи да трае вечно, порачаа кратовци
.

alt

Сподели