Кратово, Пробиштип, Ќустендил и Благоевград си разменија рецепти на традиционални јадења

Среда, 31 Јули 2013 10:31 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Деновиве финишираше уште еден успешен заеднички проект за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија. Уште еднаш се покажа дека локалното население од Кратово, Пробиштип, Ќустендил и Благоевград дели заеднички вредности и има слична традиција. Целта на проектот беше да се истражат локалните растителни ресурси и да се соберат традиционалните знаења за нивна употреба.
-Како резултат на проектот беше издадена книга со рецепти на стари традиционални јадења од нашите баби. Беше испечатен и албум со сите растенија од пограничниот регион, како и прирачник за нивно користење. Креиравме и интернет страна на која може да се прочитаат и симнат сите резултати од нашето заедничко истражување – истакна Хулијан Магардич, координатор од бугарска страна.
Проектот беше реализиран со средства од европските ИПА-фондови за погранична соработка.  Оливер Арсовски

http://vestnikpriatel.com/wp-content/uploads/2012/06/Zelnik.jpg


Сподели