Деновиве финишираше уште еден успешен заеднички проект за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија. Уште еднаш се покажа дека локалното население од Кратово, Пробиштип, Ќустендил и Благоевград дели заеднички вредности и има слична традиција. Целта на проектот беше да се истражат локалните растителни ресурси и да се соберат традиционалните знаења за нивна употреба.
-Како резултат на проектот беше издадена книга со рецепти на стари традиционални јадења од нашите баби. Беше испечатен и албум со сите растенија од пограничниот регион, како и прирачник за нивно користење. Креиравме и интернет страна на која може да се прочитаат и симнат сите резултати од нашето заедничко истражување – истакна Хулијан Магардич, координатор од бугарска страна.
Проектот беше реализиран со средства од европските ИПА-фондови за погранична соработка. Оливер Арсовски
Кратово, Пробиштип, Ќустендил и Благоевград си разменија рецепти на традиционални јадења
Најново
![]() | Денеска | 1714 |
![]() | Вчера | 3976 |
![]() | Оваа недела | 9168 |
![]() | Минатата недела | 21858 |
![]() | Овој месец | 5690 |
![]() | Минатиот месец | 151113 |
![]() | Вкупно | 21210739 |