Зоран Гиразовски е новиот бадникарски кум во гимназијата „Митко Пенџуклиски“ во Кратово. Откако преклани првпат беа делени лепчиња на вработените во училиштето, оваа година таа традиција продолжи, а лепчето со паричката го извлече токму Зоран.
Лепче со паричка се делеше и во Здравствениот дом во Кратово. Таму среќата ги посака Тодор Досев и фармацевтката Славица Пешевска.
Порталот „Аберџија“ им посакува здравје, среќа и бериќет на кумовите, а на сите читатели им ги честита Божиќните празници.
Христос се роди, навистина се роди.