gogo

A+ R A-


Нови бадникарски кумови во кратовската гимназија и Здравствениот дом

Е-пошта Печати PDF

altЗоран Гиразовски е новиот бадникарски кум во гимназијата „Митко Пенџуклиски“ во Кратово. Откако преклани првпат беа делени лепчиња на вработените во училиштето, оваа година таа традиција продолжи, а лепчето со паричката го извлече токму Зоран.
Лепче со паричка се делеше и во Здравствениот дом во Кратово. Таму среќата ги посака Тодор Досев и фармацевтката Славица Пешевска.

Порталот „Аберџија“ им посакува здравје, среќа и бериќет на кумовите, а на сите читатели им ги честита Божиќните празници.

Христос се роди, навистина се роди.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.