Секоја земја си има свое јадење по кое е карактеристична. За некои тоа е пицата, за некои питата, а за Македонија е пастрмајлијата, пренесува веб-порталот huffingtonpost.com.
Пастрмајлијата во Македонија е карактеристична за Кратово, Велес и Штип. Името и доаѓа од зборот „пастрма“, што значи солено, сушено месо.
Традиционално се подготвува од јагнешко месо, но се почесто се употребува и свинското, и тоа сушено месо.
Македонската кујна е богата со многу традиционални јадења кои се познати во целиот свет, а туристите се воодушевени од вкусовите коишто ги нуди Македонија.
Така и македонската пастрмајлија стигна на листата на најпопуларни јадења од тесто, објавена на порталот Хафингтон пост.
Оваа листа не е по хронолошки, туку случаен редослед.
1. Кина – пита од млад кромид
2. Франција – тарте фламбе, пица од сланина и кромид
3. Шпанија – кока, слатки и солени лепчиња со зеленчук
4. Индија – парата, тесто полнето со компири, лиснат зеленчук и карфиол
5. Среден Исток – шифа, тесто со мелено јагнешко месо и зачини
6. Бразил – пица со шунка, кашкавал, пченка, грашок и палмова срцевина
7. Унгарија – лангос, еден вид мекици со кашкавал и павлака
8. Либан – манакиш, пита со сирење или месо, наросена со мајчина душица
9. Јапонија – окономијаки, солена или блага палачинка со морски плодови, кашкавал или некој вид овошје
10. Македонија – пастрмајлија, долгнавесто тесто со месо (како што е опишано на страната на Хафингтон пост)
11. Турција – љахмаџун, тесто со мелено месо, кромид, домати и многу зачини
12. САД – пица со кулен