gogo

A+ R A-


„Пастрамајката“ меѓу најдобрите светски специјалитети според „Хафингтон пост“

Е-пошта Печати PDF

Секоја земја си има свое јадење по кое е карактеристична. За некои тоа е пицата, за некои питата, а за Македонија е пастрмајлијата, пренесува веб-порталот huffingtonpost.com.alt

10.jpg500

Пастрмајлијата во Македонија е карактеристична за Кратово, Велес и Штип. Името и доаѓа од зборот „пастрма“, што значи солено, сушено месо.

Традиционално се подготвува од јагнешко месо, но се почесто се употребува и свинското, и тоа сушено месо.

Македонската кујна е богата со многу традиционални јадења кои се познати во целиот свет, а туристите се воодушевени од вкусовите коишто ги нуди Македонија. 

Така и македонската пастрмајлија стигна на листата на најпопуларни јадења од тесто, објавена на порталот Хафингтон пост.

Оваа листа не е по хронолошки, туку случаен редослед.

1.  Кина – пита од млад кромид

2. Франција – тарте фламбе, пица од сланина и кромид

3. Шпанија – кока, слатки и солени лепчиња со зеленчук

3.jpg500

4. Индија – парата, тесто полнето со компири, лиснат зеленчук и карфиол

5. Среден Исток – шифа, тесто со мелено јагнешко месо и зачини

5.jpg500

6. Бразил – пица со шунка, кашкавал, пченка, грашок и палмова срцевина

7. Унгарија – лангос, еден вид мекици со кашкавал и павлака

8. Либан – манакиш, пита со сирење или месо, наросена со мајчина душица

8.jpg500

9. Јапонија – окономијаки, солена или блага палачинка со морски плодови, кашкавал или некој вид овошје

10. Македонија – пастрмајлија, долгнавесто тесто со месо (како што е опишано на страната на Хафингтон пост)

11. Турција – љахмаџун, тесто со мелено месо, кромид, домати и многу зачини

12. САД – пица со кулен

12.jpg500

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.