Резултати по избирачки места во Кратово, Иванов победи на сите 37 ИМ

Понеделник, 14 Април 2014 14:11 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altЕден ден по завршувањето на првиот круг од претседателските избори, порталот АБЕРЏИЈА ги објавува резултатите од избирачките места во Кратово. Интересен е податокот дека актуелниот претседател Ѓорге Иванов победи на сите 37 избирачки места, а во некои села доби апсолутна поддршка од гласачите. Татомир гласаше 34-1 во корист на Иванов, Пендаровски доби само 3 гласа во Тополовиќ, а тежок пораз доживеа и во Железница со 126-26. Огромна предност оствари Иванов и во Туралево, Шлегово, Приковци, а релативно поднослив минус опозицијата оствари во Кетеново, Сакулица, Пендаќ и Кетеново.
Во градот, убедлив рекордер по поддршка за Иванов е ИМ во Гимназија, каде скорот беше 356-131 и ИМ во Собрание, каде скорот беше 381-184 во корист на ВМРО-ДПМНЕ и СПМ. Севкупно, Ѓорге Иванов доби 3.943 во Кратово, Стево Пендаровски 1.773, Зоран Поповски 159, Илијаз Халими 21 глас.

Основен суд           336-108

Собрание                 381-184

Пожарно                  332-164

Гимназија                 356-131

Осмолетка               365-193

Интернат зорле       215-102

Градинка                  272-135

Интернат стадион  249-131

Социјално                221-163

Приковци                    63-10
Шлегово                    135-43

Железница               126-26

Живалево                   63-25

Туралево                   136-24

Филиповце                   29-6

Тополовиќ                   16-3

Татомир                        34-1

Страцин                       60-35

Кетеново                     63-50

Трновац                     105-59

Сподели