Еден ден по завршувањето на првиот круг од претседателските избори, порталот АБЕРЏИЈА ги објавува резултатите од избирачките места во Кратово. Интересен е податокот дека актуелниот претседател Ѓорге Иванов победи на сите 37 избирачки места, а во некои села доби апсолутна поддршка од гласачите. Татомир гласаше 34-1 во корист на Иванов, Пендаровски доби само 3 гласа во Тополовиќ, а тежок пораз доживеа и во Железница со 126-26. Огромна предност оствари Иванов и во Туралево, Шлегово, Приковци, а релативно поднослив минус опозицијата оствари во Кетеново, Сакулица, Пендаќ и Кетеново.
Во градот, убедлив рекордер по поддршка за Иванов е ИМ во Гимназија, каде скорот беше 356-131 и ИМ во Собрание, каде скорот беше 381-184 во корист на ВМРО-ДПМНЕ и СПМ. Севкупно, Ѓорге Иванов доби 3.943 во Кратово, Стево Пендаровски 1.773, Зоран Поповски 159, Илијаз Халими 21 глас.
Основен суд 336-108
Собрание 381-184
Пожарно 332-164
Гимназија 356-131
Осмолетка 365-193
Интернат зорле 215-102
Градинка 272-135
Интернат стадион 249-131
Социјално 221-163
Приковци 63-10
Шлегово 135-43
Железница 126-26
Живалево 63-25
Туралево 136-24
Филиповце 29-6
Тополовиќ 16-3
Татомир 34-1
Страцин 60-35
Кетеново 63-50
Трновац 105-59



















