СОУ „Mитко Пенџуклиски“ купи минибус за превоз на учениците

Четврток, 24 Декември 2020 20:18 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово изврши набавка на ново патничко возило, минибус „ИСУЗУ“ за потребите на учениците и вработените. Возилото со 27 седишта за патници во иднина ќе се користи за секојдневен превоз на ученици кои доаѓаат од селата во општината, а ќе биде користено и за ученички екскурзии и изведување на проектните активности.
Со набавката на возилото се планира во иднина да бидат заштедени средства кои досега се плаќаа на автопревозници од нашата општина.alt

Сподели