Трајче Петровски стана василичарски кум во кратовската гимназија

Четврток, 14 Јануари 2016 16:33 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altВеќе шеста година по ред се делеше лепче со паричка за Стара Нова година во кратовското средно училиште „Митко Пенџуклиски“. Денеска му се посреќи на Трајче Петровски од техничкиот перснал, кој следната година ќе биде василичарски кум.
Прв кум пред пет години беше ликовниот педагог Бојан Костадинов, следната година паричката заврши кај ИТ администраторот Љупчо Смиљковски. Потоа се посреќи кај Зоран Гиразовски, па кај секретарката Даниела Трајковска и екс-директорот Миле Марковски.
Годинава василичарската средба беше збогатена со присуството на повеќе пензионирани професори.

Фотогалерија https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10153800009389323.1073741851.130555074322&;type=3&uploaded=14

Сподели