Веќе шеста година по ред се делеше лепче со паричка за Стара Нова година во кратовското средно училиште „Митко Пенџуклиски“. Денеска му се посреќи на Трајче Петровски од техничкиот перснал, кој следната година ќе биде василичарски кум.
Прв кум пред пет години беше ликовниот педагог Бојан Костадинов, следната година паричката заврши кај ИТ администраторот Љупчо Смиљковски. Потоа се посреќи кај Зоран Гиразовски, па кај секретарката Даниела Трајковска и екс-директорот Миле Марковски.
Годинава василичарската средба беше збогатена со присуството на повеќе пензионирани професори.
Фотогалерија https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10153800009389323.1073741851.130555074322&;type=3&uploaded=14



















