Трактор згмечи и усмрти земјоделец од Куклица, втор случај за два месеци

Среда, 14 Ноември 2012 10:07 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altЗемјоделец од кратовското село Куклица вчера несреќно го загубил животот откако трактор го поклопил додека ја орал нивата.

Станува збор за Аце Илиевски (роден 1958), кој настрадал додека ја обработувал нивата во атарот на селото, кога од засега непознати причини тракторот се превртел и го поклопил. Илиевски добил тешки повреди и починал веднаш.

Неговото тело под превртениот трактор го пронашле соселани, кои веднаш повикале полиција.

Ова е втор случај во Куклица за период од два месеци во кој локални жители загинуваат од својот трактор.

Сподели