Повторно скандал поврзан со прехранбени продукти кои се продаваат во маркетите во Кратово. Кратовчанецот Ѓорѓиче Георгиевски денеска ни испрати фотографија од прехранбен продукт кој го купил во еден од кратовските маркети, а непријатно се изненадил кога го отворил.
-Пред неколку дена купив шпагети во еден од кратовските маркети, но кога го отворив пакувањето, се згрозив од она што го видов внатре. На едниот крај од пакувањето од 500 грама, шпагетите беа мувлосани, побелени и со непријатен мирис. Се прашувам зошто добиваме вакви прехранбени продукти со неупотреблива вредност, дури и опасни по човечкото здравје. Во случајов, шпагетите не беа со изминат рок, но очигледно биле несоодветно чувани и за малку ќе завршеа на мојата трпеза. Ќе реагирав до надлежните служби, но не ја чувам фискалната сметка и не можам да докажам од каде сум ги купил - вели засегнатиот граѓанин.
Сличен скандал со неупотреблива и опасна храна имаше ипред точно една година, кога порталот Аберџија ги алармираше надлежните служби да реагираат и да застанат во одбрана на правата на потрошувачите. Случајот од лани може да го прочитате на следниот линк http://aberdzija.com/gradska/skandal-hrana-so-izminat-rok-gi-true-decata-vo-kratovo.html
