gogo

A+ R A-


СКАНДАЛ! Храна со изминат рок ги труе децата во Кратово

Е-пошта Печати PDF

Внимание! Некој свесно ги труе граѓаните на Кратово, а за сметка на тоа си ги полни џебовите. Продажбата на храна со изминат рок „цвета“ во Кратово, а надлежните служби (читај „инспекторите“) спијат. За само неколку дена, во три различни маркети во градот сосема случајно открив храна со изминат рок. Што е најтрагично, во храна која е омилена на малите деца.
altСлучај 1. Голем маркет, преполн со роба, на рафтовите еден куп чипсови, омилената храна за деца. Купив две пакетчиња чипс од брендот Марбо. Кога стигнав дома, ми стана сомнително едно од пакетчињата, толку беше надувано, што секој миг можеше да експлодира. Познато ми е дека храната со изминат рок ослободува гасови кои ја дуваат амбалажата до пукање, па решив да го проверам рокот на употреба. На едниот чипс имаше валиден рок, а на второто сомнително пакување го немаше никаде рокот на траење. Знаете ли зошто? Затоа што некој „досетливко“ внимателно го истругал (види фото).

Случај 2. Одлично снабден маркет, преку 30 пакетчиња виршли „Екстра Мејн“ со кашкавал. Знаејќи дека виршлите не се долготрајни, погледнав во налепницата. На првото пакетче, токму каде што стои рокот на употреба, налепницата беше скината. Си реков, случајност. Посегнав по второто пакување, повторно оштетен делот од налепницата каде е отпечатен рокот. Иста песна и на третото, четвртото, петтото, шестото... пакување. Одвај пронајдов едно пакување кое не беше оштетено, затоа што имаше уште еден ден на употреба.

Случај 3. Тргнав да купам павлака од најголемите „килски“ пакување, кога продавачката, веројатно поради роднинските врски кои ги имаме, ми рече:„таа павлака не е за тебе, ќе ти дадам друга“. Одбив да ја земам другата павлака, со валиден рок, затоа што некој друг по мене, кој нема да добие предупредување од продавачката, ќе ја „окрка“ ланската павлака...

Оќигледно е дека некој не го есапи здравјето на граѓаните, па му продава расипана храна со изминат рок за да оствари профит. Трипати открив далавери во маркетите, но ниту еднаш не го свртев бесплатниот телефонски број 0800 3 2222, наменет за пријавување неправилности од областа на безбедноста на храната. Следниот пат, ветувам дека ќе го сторам тоа, а дотогаш се надевам дека (не)совесните газди ќе ги исчистат полиците од сите производи кои го загрозуваат здравјето на граѓаните.   Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.