gogo

A+ R A-


ЕРАЗМУС + Основците од Кратово се дружеа со врсниците од пет европски земји

Е-пошта Печати PDF

Проектот „Нуркаме во дигитално изучување на јазик“ ( Diving into Digital Language Learning) во кој учествуваат ученици и наставници од ООУ „Кочо Рацин“, Кратово, произлегува од потребата за подобрување на дигиталните вештини на учениците како и нивното владеење на странски јазици. Првата мобилност од овој проект, кој е финансиран преку Еразмус + програмата на ЕУ, се одвива во Кратово, а учесници се 21 ученик, 9 наставници и 2 директори од 5 партнерски училишта од Италија, Турција, Холандија, Шпанија и Португалија во период од 3 до 9 Ноември 2019 година. Координаторот на проектот е професорката по англиски јазик, Кристина Цонкинска.

„Овој проект, кој започна во септември оваа година, е со времетраење од 24 месеци и предвидени се повеќе активности: користење на различни веб алатки за изучување на странски јазици, креирање на онлајн игри, почетно програмирање и многу други интересни задачи, коишто учениците ќе ги исполнуваат соработувајќи со нивни врсници од другите партнер училишта. Главната цел е учениците учесници во проектот да ги развијат нивните комуникативни и дигитални вештини, како и да развијат чувство на припадност на едно големо европско семејство, со исти европски вредности. Нашите ученици со голем ентузијазам учествуваат во вакви проекти, затоа што покрај останатото, се запознаваат со други култури и стекнуваат бројни пријателства кои продолжуваат и по мобилностите.“, истакна Цонкинска.

Покрај овој проект, ООУ „Кочо Рацин“, Кратово, е партнер училиште во уште два Еразмус+ проекти, а следната мобилност на учениците од ова училиште ќе биде во декември во Бакау, Романија.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

green-green-green

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска506
mod_vvisit_counterВчера3565
mod_vvisit_counterОваа недела24446
mod_vvisit_counterМинатата недела32485
mod_vvisit_counterОвој месец56931
mod_vvisit_counterМинатиот месец116781
mod_vvisit_counterВкупно11850858
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.