gogo

A+ R A-


Играорците од КУД „Ефрем Каранов“ настапија во Лазаревац (Србија)

Е-пошта Печати PDF

Културно - уметничкото друштво „Ефрем Каранов“ од Кратово минатиот викенд гостуваше во соседна Србија, каде кратовските играорци се претставија во одлично издание пред тамошната публика. Дечињата од Кратово под раководство на педагогот Љупчо Маринковски настапија на манифестацијата „Денови на Лазаревац“, презентирајќи го македонскиот фолклор во два настапа пред публиката.
Кратовските деца имаа прилика да се запознаат и дружат со своите врсници од Србија и Бугарија, а во рамки на забавниот дел им беше организирана забавна вечер и капење на Аква-парк.
За среќните и насмеани лица на нашите деца голема благодарност до нивниот учител Љупчо Маринковски, кој вложува огромна енергија и труд децата да ја засакаат уметноста и да го запознаат македонскиот фолклор.
alt

 

Можно е да е слика од 3 луѓе и луѓе што стојат

Нема достапен опис

Можно е да е слика од 7 луѓе и луѓе што стојат

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.