gogo

A+ R A-


КАМПАЊА „НА СЕКОЕ ДЕТЕ МУ ТРЕБА СЕМЕЈСТВО“ -МТСП, УНИЦЕФ, СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА

Е-пошта Печати PDF

alt

      Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ, во соработка со СОС Детско Село Македонија, на 1 јуни 2018 година ја отпочнаа кампањата за промоција на згрижувачки семејства  „На секое дете му треба семејство“ која има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов. Кампањата има за цел и да мобилизира поддршка за решенија за грижа во семејно опкружување на ниво на заедницата, наспроти институционално згрижување

• Целта на кампањата е да поттикне поддршка за алтернативна грижа за децата наспроти сместувањето во големи институции и да даде поддршка да се стави крај на сместувањето деца помали од три години во големи институции до 2020. Во моментот над двеста деца – бебиња помали од три години, деца со попреченост и деца кои се одделени од своите родители поради злоупотреба или насилство – се згрижени во големи институции во земјава.

• Во текот на наредните два месеца ќе се организираат отворени денови во триесет града преку локалната самоуправа, центрите за социјална работа и СОС Детско село за да им се даде на граѓаните низ целата земја можност да дознаат повеќе и да станат згрижувачки семејства.

• Иницијативата е дел од заложбите на Владата да обезбеди услови за секое дете без родителска грижа во земјата да расте во безбедна и грижлива семејна средина. Тоа се постигнува преку вложување во превентивни активности и поддршка на биолошките семејства; развивање нови форми на згрижување и проширување на мрежата на згрижувачки семејства; инвестиции во подобрување на квалитетот на алтернативни решенија за грижа преку нивна стандардизација и вложување во рана детекција и рана интервенција на тешкотии во развојот кај децата.

• Во наредниот период ќе се одржи отворен ден за кампањата „На секое дете му треба семејство“ и во општина Кратово во која граѓаните ќе можат да се запознаат подетално со самата кампања.

Сите граѓани на општина Кратово кои се заинтересирани и сакаат да добијат информации за кампањата, можат секој работен ден да се обратат во просториите на ЈУЦСР Кратово од 07.30 до 16.30 часот или телефонски да се информираат на телефоните 031-481-228, 076 – 493 – 283, 076 – 493-280 како и на телефонскиот број 15 133.

ЈУ Центар за социјална работа Кратово
Министерство за труд и социјална политика

https://semejstvozasekoedete.mk/

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.