gogo

A+ R A-


Концерт на поп-рок бендот „Пеперминт“ во Кратово

Е-пошта Печати PDF

„Ама ако“, „Девојката со точакот“, „Бранка“, „Твојот нос“ се само дел од песните кои ќе можете да ги чуете во четврток на концертот кој ќе го одржи бендот Пеперминт на градскиот плоштад во Кратово со почеток од 21.00 часот. Концерт на поп - рок составот Пеперминт е во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“ поддржана од Министерство за култура на РМ.

alt

Пеперминт е бенд што постои од 1990 година и е формиран од главниот гитарист, вокал и композитор, Горан Трифуновски. Бендот досега има објавено два албума: „Некако така“ и „Ама ако“.

Влезот за сите посетители за концертот на Пеперминт е бесплатен, а свирката ќе започне по 21 часот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.