gogo

Oki kom baner 1

.banner-blue-bg

A+ R A-


Конкурс за најдобар средношколски медиумски производ „ИЗРАЗИ СЕ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ“

Е-пошта Печати PDF

Конкурс за најдобар средношколски медиумски производ

„ИЗРАЗИ СЕ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ“

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ги повикува средношколците во  Македонија да се пријават на конкурсот за најдобар медиумски производ „Изрази се преку медиумите“ на тема „Би сакал/а во мојата општина да ...“. Учениците и училиштата можат да аплицираат со фотоприказна, постер или едноминутно видео.

alt

Медиумските производи треба на оригинален начин треба да ги пренесеат идеите, интересите и барањата на учениците за урбанистичка, културна или каква било промена што според нив е неопходна во општината во која живеат. Во своите трудови учениците треба да аргументираат зошто е потребна интервенција на локалните власти (реновирање или изградба на инфраструктура за млади, недостиг на спортски и културни центри и сл.).

Целта на овој конкурс е да се поттикне медиумската писменост кај младите, кои на креативен начин ќе покажат дека умеат да ги користат медиумите за да предизвикаат промена во средината во која живеат.

Изработка

Фотоприказната треба да содржи од 6 до 8 фотографии со легенда (кус текст што ќе го објасни значењето). Текстот под фотографиите може да биде на кој било од јазиците и писмата што се употребуваат во Македонија.

Постерот треба да изразува јасна и оригинална порака на авторот, изразена преку креативен дизајн.

Видеото треба да се објасни со текст од еден параграф. Видеото не треба да биде подолго од една минута. Доколку се користи музика во видеото, треба да се почитуваат авторските права. Дијалозите или која било друга форма на комуникација може да бидат на јазиците што се употребуваат во Македонија.

Право на учество

На конкурсот може да се пријават ученици од прва до четврта година од сите средни училишта во Македонија и самите училишта. Дозволено е групно учество на соученици, но ако производот биде награден, наградата ќе се додели на авторот или носителот на пријавата. Доколку училиште се јавува како учесник, наградата ќе се додели на училиштето. 

Учесниците може да поднесат повеќе производи во различни формати.

Корисни информации како да се изработи фотографија / фотоприказна или да се снима и монтира видео.

Награди

  • Прва награда – таблет
  • Втора награда – мобилен телефон
  • Трета награда – камера GoPro

За авторите на 10-те најдобри производи, Високата школа обезбедува учество на еднонеделниот летен камп за медиумска писменост во јуни.

Пријавување

Кандидатите треба да пополнат Формулар за пријавување и заедно со изработениот продукт да го испратат на е-адресата //mail.yahoo.com/neo/b/compose?to= Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите "> Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 29 април 2018 година.

Контакт

Александра Теменугова, //mail.yahoo.com/neo/b/compose?to= Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите "> Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , 02 30 90 004.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

DSCF2958

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1375
mod_vvisit_counterВчера4151
mod_vvisit_counterОваа недела16897
mod_vvisit_counterМинатата недела23780
mod_vvisit_counterОвој месец74821
mod_vvisit_counterМинатиот месец163232
mod_vvisit_counterВкупно9526470
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.