gogo

A+ R A-


Кратово доби гастрономско катче - млечниот ресторан „Фурна“

Е-пошта Печати PDF

Стариот млечен ресторан, кој во минатото за граѓаните на Кратово претставувал култно место, од завчера повторно е во функција. Во срцето на градот, сместен на самиот плоштад „Павел Шатев“, деновиве започна со работа возобновениот млечен ресторан „Фурна“.
На свеченото отварање многубројните гости, со стариот кратовски обичај на фрлање пари при влез во новоотворен дуќан, му посакаа успешна и плодна работа на ресторанот, кој толку многу му беше потребен на градот. Љубезниот персонал, пријатниот амбиент и превкусните залчиња храна, се погрижија за комплетно гастрономско уживање на присутните гости.
Млечниот ресторан „Фурна“ е нова содржина во туристичката понуда во градот на кулите и мостовите, место каде бројните туристи ќе можат да вкусат специјалитети направени од вредните раце на кратовските пекари.
Познато е дека во Кратово се негува и цени традицијата. Доказ за тоа се специфичните, типично кратовски имиња на сендвичите кои се нудат во менито.
Концептот на кој се потпира „Фурна“ е познат во светот, но е нешто ново во регионот, вели младиот експерт за туризам, Младен Мицевки.
Отварањето на млечниот ресторан покажа дека кратовци се гладни за вкусен залак храна, а „Фурна“ дефинитивно ќе биде успешна гастрономска приказна.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

green-green-green

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска2231
mod_vvisit_counterВчера3757
mod_vvisit_counterОваа недела2231
mod_vvisit_counterМинатата недела26603
mod_vvisit_counterОвој месец60095
mod_vvisit_counterМинатиот месец103852
mod_vvisit_counterВкупно11737241
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.