gogo

A+ R A-


Кратово во тага, почина Љубисав Иванов - Ѕинго на 84 години

Е-пошта Печати PDF

alt
Во 84. година од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, политичар, претседател на Социјалистичката партија на Македонија и пратеник со долгогодишен стаж во Собранието. Завршил Рударско-геолошки факултет и беше генерален директор на Рударско-индустрискиот комбинат „Силекс“ – Кратово. Тој беше поранешен претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен истакнат фудбалски работник, прв човек на ФК „Силекс“ и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Љубисав Иванов - Ѕинго (роден е 8 ноември 1936 во с. Трновац, Кратовско. Бил пратеник во Собранието на Македонија во сите пратенички состави од осамостојувањето на Република Македонија до 2011 година.

Љубисав Иванов - Ѕинго е политичар со најдолг политички мандат и во бивша СФРЈ и во независна Македонија. Во политиката влегува далечната 1955 година како младинец на СКМ и СКЈ. Завршил Рударско-геолошки факултет и повеќе од 40 години бил генерален директор на Рударско-геолошкиот комбинат „Силекс“ - Кратово.

Во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век го издигна Кратово во еден од најразвиените индустриски региони во Македонија. Есента 2013 година, на лично барање, се повлече од политиката.

За претседател на СПМ е избран на Вториот конгрес на СПМ кој се одржал во јули 1995 година и бил реизбран на Третиот, Четвртиот, Петтиот и Шестиот конгрес на СПМ.

Тој бил првиот претседател на Фудбалската Федерација на Македонија по осамостојувањето на Македонија и на должноста бил во периодот од 1993 до 1996 година.
Упорен следбеник на производството пред услугите, сопруг на Мира, татко на две деца и обожавател на трите внуци, Ѕинго беше жива политичка легенда.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.