gogo

A+ R A-


ОИК ги врачи уверенијата на градоначалникот Николовски и членовите на Советот

Е-пошта Печати PDF

Општинската изборна комисија официјално ги врачи уверенијата на Тодорче Николовски за прв мандат како градоначалник на Општина Кратово, како и на 15 нови членови на Советот.

„Самиот чин на добивање на уверение од Државната изборна комисија за избран градоначалник не те прави градоначалник, тоа е само функција, јас ќе бидам пред се човек со улога на градоначалник.
Уште на самиот почеток ви ветив дека ќе го имате најдобриот, најкомпетентниот, најпосветениот, најдостапниот, најодговорниот и најчесниот градоначаник кој ке ви биде другар партнер и поткрепа … сега официјално ве уверувам дека така и ќе биде.
Вработените во Општината и мнозинството во Советот ќе бидат сервис на странките и во служба на граѓаните, максимално заложени во насока на релизација на ветените проекти и спроведувањето на надлежностите на општината.
Никој не смее да си поигрува со сопствениот народ, без разлика на сталежна, родова, партиска, верска или друга припадност“, истакна новиот градоначалник Тодорче Николовски.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.