gogo

A+ R A-


Општина Кратово според транспарентноста на 44 место во земјава, Крива Паланка на врвот

Е-пошта Печати PDF
Фотографија на Borjancho Micevski.

Центарот за граѓански комуникации денеска го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2020 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините.

Од општините во Осоговието највисоко котира Општина Крива Паланка со 89,9 % и се наоѓа на високото четврто место од вкупно рангирани 98 институции.

Општина Кратово е рангирана некаде на средина, на 44-та позиција, а нешто полошо стои Општина Пробиштип, на 47та позиција. Најлошо рангирана е Општина Ранковце, на 75-тата позиција.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.