gogo

A+ R A-


Основците од К.Паланка следеа едукативни работилници за заштита од интернет злоупотреби

Е-пошта Печати PDF

alt

Ризиците од злоупотреба на интернет и безбедноста во онлајн комуникациите беа тема на Едукативните работилници за заштита од интернет злоупотреби, што се одржа на 12 и 13 февруари, во ООУ„Илинден“ и ООу„Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка.

На двете работилници учествуваа вкупно 40 ученици од 9-то одделение, кои низ практични примери градеа вештини како да ги препознаат и да се заштитат од опасностите на интернет и социјалните мрежи, но и кои се основните правила што треба да се почитуваат во онлајн комуникациите.

Работилницата ја водеа Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и социјални мрежи и Билјана Јаневска Кордалова, едукатор, кои на креативен начин , со интерактивно учество, им ја доближија на основците информатичката писменост и безбедноста на интернет.

Оваа активност е дел од проектот „Медиумско описменување за критичен младиски став“, што го реализира Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, во партнерство со веб порталот„Аберџија“, во рамки на проектот финансиран од Европската Унија „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност-КриТинк“,спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и Евротинк-Центар за европски стратегии.

Во следниот период, едукативни работилници за заштита од интернет злоупотреби ќе се одржат и во ООУ„Х.Т.Карпош“ од Ранковце и ООУ„Кочо Рацин“ во Кратово.

Целта на проектот е младите да бидат медиумски писмени за да развијат критичен став кон информациите што допираат до нив, да ги селектираат медиумските пораки и да бидат сигурни и безбедни во онлајн комуникациите. Истовремено, младите ќе креираат и едукативни содржини за медиумска писменост, со што ќе го поттикнат и младинскиот активизам за потребите на младите во заедницата.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.