gogo

A+ R A-


ОСНОВЦИТЕ ОД ООУ„ЈОАКИМ КРЧОВСКИ“ ВО КРИВА ПАЛАНКА УЧЕА ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

Е-пошта Печати PDF

Повеќе предизвици и отворени прашања се најдоа пред основците од 9-то одделение од ООУ„Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка на Интерактивната работилница за медиумска писменост, што се одржа на 04.12.2019 година, во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности Крива Паланка.
Основите на медиумската писменост и комуникација, улогата и функцијата на медиумите, како и напливот на лажни вести и справување со истите преку проверка на факти, беа главните теми за кои се дискутираше на работилницата. Преку презентации и практични вежби,со помош на едукаторот Синиша Пекевски, експерт за комуникации и односи со јавноста, младите учеа како да изградат критичен став кон информациите што допираат до нив, да напишат вест, да разликуваат факт од мислење, да ја дефинираат слободата на изразување,да го поттикнат младинскиот активизам и слично.
Основците изразија задоволство од научените лекции и си дадоа задача да го пренесат стекнатото знаење на своите соученици.
Интерактивната работилница е дел од активностите на проектот„Медиумско описменување за критичен младински став“, кој го реализира Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, со поддршка на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК-Центар за европски стратегии, во рамки на проектот „Со критичен став до граѓани со медиумска умешност“, финансиран од Европската Унија.
Во овој проект се вклучени 20 ученици од 9-то одделение од ООУ„Јоаким Крчовски“.
Интерактивните работилници за медиумска писменост продолжуваат во основните училишта „Илинден“ од Крива Паланка(5 декември), „Х.Т.Карпош“ Ранковце (16 декември) и „Кочо Рацин“ од Кратово(17 декември).
Медиумски партнер во проектот е веб порталот Аберџија.

alt

 

Фотографија на Центар за аудиовизуелни уметности.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

aberdzija 10 godini

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска2407
mod_vvisit_counterВчера8147
mod_vvisit_counterОваа недела26698
mod_vvisit_counterМинатата недела54754
mod_vvisit_counterОвој месец34644
mod_vvisit_counterМинатиот месец224902
mod_vvisit_counterВкупно13243078
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.