gogo

A+ R A-


Проект за медиумска писменост на младите во Кратово, Крива Паланка и Ранковце

Е-пошта Печати PDF

Во три општини од Североистокот, Кратово, Крива Паланка и Ранковце, веќе четири месеци успешно се спроведува проектот „Медиумско описменување за критичен младински став“, финансиран од Европската унија, а спроведен од Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка. Основците од четири училишта посетуваа обуки и работилници, на кои учеа за медиумската писменост, препознавање на лажни вести и заштита на интернет. Проектот ќе продолжи и во следните два месеци.
-Во него се вклучени ученици од деветто одделение во овие четири училишта, кои учат за основите на медиумската писменост, интернет заштита од злоупотреби и манипулации, правилно однесување во онлајн комуникациите, а учениците ќе бидат вклучени и во изработка на едукативни прилози и снимање на видео пораки, како и спроведување на една младинска акција – истакна проект-координаторот Жаклина Цветковска.
Експертите за комуникации и социјални медуми сметаат дека во најскоро време медиумската писменост треба да стане дел од формалното образование , како нужна потреба на младите.
-Критичкото размислување уште од најмали нозе, воведувањето на медиумската дигитална писменост во образованието , критичкото размислување на учениците е нешто што мораме да го воведеме, доколку сакаме да ја направиме инклузивен процес во кој ќе бидат сите вклучени – вели Бојан Кордалов, специјалист за социјални медиуми.
П
роектот се спроведува со поддршка на Фондацијата „Метаморфозис“и Евротинк-Центар за европски стратегии, а се реализира во соработка со медиумскиот партнер, веб-порталот „Аберџија“.
Оливер Арсовски
Резултат со слика за caarts kriva palanka



Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

aberdzija 10 godini

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска3168
mod_vvisit_counterВчера7091
mod_vvisit_counterОваа недела3168
mod_vvisit_counterМинатата недела47041
mod_vvisit_counterОвој месец172728
mod_vvisit_counterМинатиот месец153244
mod_vvisit_counterВкупно12358535
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.